Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Турција и Грција се договориле дека ќе започнат технички разговори во НАТО за да го намалат ризикот од инциденти и несреќи во Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Грција и Турција се ценети како сојузници, а НАТО е важна платформа за консултации за сите прашања кои влијаат на нашата заедничка безбедност“, нагласи Столтенберг во пишана изјава и додаде:

„Останувам во блиска врска со сите загрижени сојузници за да пронајдам решение за тензиите во духот на солидарноста на НАТО.“

Грција се обиде нелегално да го ограничи турското поморско подрачје, обидувајќи се да го исцрта кај своите брегови на малите грчки острови во близина на турскиот брег.

Турција тврди дека двете страни наместо тоа треба да водат дијалог за да се постигне најдоброто решение засновано врз фер поделба.

Грција неодамна спроведуваше воени вежби, во кои учествуваше и Франција, чија цел е заплашување на Турција за да го запре енергетското истражување. Исто така, Грција нелегално ги вооружа сите егејски острови кршејќи ги долготрајните мировни договори.

Неодамнешниот договор на Атина за поморско разграничување со Египет исто така го крши континенталниот појас на Турција и нејзините поморски права, што предизвикува додатна напнатост меѓу двата соседи.

Турција, земја со најдолг брег на Медитеранот, испрати наменски бродови за да ги изврши енергетските истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Турција и Турската Република Северен Кипар (TRNC) имаат права во тој регион.

Со дијалог за праведна поделба на ресурсите, ќе имаат сите страни, посочуваат турските офијални претставници.

Anadolu