Израелците, кои се најдоа на плоштадот „Рабин“ („Rabin“) во Тел Авив (Tel Aviv) вчера (четврток) беа сведоци на вчерашната случка кога над нив леташе дрон и паѓаа мали вреќи со марихуаха, на кои стоеше порака „бесплатна љубов“.

Watch high-flying drone drop bags of marijuana over Israel

Групата „Зелен дрон“ („Green Drone“) се залага за легализација на марихуаната.

Drone drops dozens of bags of free marijuana over Tel Aviv; two arrested | The Times of Israel

На „Телеграм“ (“Telegram”), групата ја претстави својата акција “Дали е тоа птица? Или авион? Не, тоа е “Зелен дрон” („Green Drone“). Ние подаруваме канабис од небото бесплатно”.

Името на групата и слоганот „бесплатна љубов“ беа напишани на секој пакет.

Полицијата со реакција за акцијата. Пакетите можеа да завршат во рацете на децата, бидејќи неколку од нив паднаа на детските игралишта, соопшти полицијата и уапси двајца осомничени на возраст од околу триесет години, кои наводно управувале со дрон и дистрибуирале малите вреќи од небото.

Во 2018 година, Израел (Israel) го декриминализира канабисот со закон за првите три пати кога едно лице бешее со количина за лична употреба. Но, ако е  фатено по четврти пат, се отвора кривична постапка.

 


„Dubai-Portal“

„N1“