Грчка веб-страница која е против Турците им се заканува на новинари на АА кои патуваа на грчкиот остров Мегисти (Кастелоризо) за да ги следат неодамнешните настани таму, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претставникот на Атина од АА, Тевфик Дурул и фоторепортерот Ајхан Мехмет патуваа од грчкиот главен град Атина до Родос, а на островот пристигнаа со брод.
Грчката веб-страница „Turkikanea.gr“, која е против Турција, објави провокативен едиторијал неколку часа откако тие пристигнаа.
„Зошто им дозволуваме на турските шпиони од Националната разузнавачка агенција (МИТ) да одат во Мегисти? Зошто им дозволуваме да стапнат на островот? Нели сме свесни што овие шпиони на МИТ се обидуваат да направат? Се надеваме дека властите ќе го сторат она што е потребно?“, објави грчката веб-страница.
На веб-страницата исто така е објавена и фотографија за идентитетот од пасошот на Дурул, копија која би требало да ја сочуваат само грчките власти и да не ја споделуваат со никого.
Се очекува објаснување од грчките власти за тоа како веб-страницата успеала да дојде до фотографијата од пасошот, бидејќи Дурул не ја покажал на никого, освен на властите за време на неговите патувања до Атина и Мегисти.
Веб-страницата исто така објави информации и за местото на раѓање на Мехмет.
„Следењето на двајцата новинари кои заминаа на островот за да информираат од теренот претставува тежок удар врз слободата на печатот“, изјави Шенол Казанџи, генералниот директор на агенцијата.
Осудувајќи го ваквиот провокативен едиторијал, Казанџи нагласи дека новинарите на новинската агенција Агенција Анадолија (АА) внимателно ја следат агендата и развојот на настаните на островот Мегисти, како и во секој друг дел од светот.
„Грчките власти треба да обезбедат безбедна работна средина за новинарите на АА“, изјави тој.
„Очекуваме објаснување и извинување од страна на администрацијата на Атина за тоа како информации за идентитетот и пасошот на нашите пријатели, кои би требало да бидат во рацете на грчките власти, протекоа во јавност“, додаде тој.
„Ќе ја платите цената доколку овие турски новинари на кој било начин се најдат во некаква опасност. Никој не може да ја замолчи Агенција Анадолија, чиј персонал работи во средини кои не се безбедни, претрпува закани, заплашување или објавување на нивните лични податоци“, објави на Твитер, Фахретин Алтун, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство.
„Ги осудуваме напорите на грчките власти за поттикнување насилство, преку фашистичка веб-страница, насочена кон новинарите на АА во Мегисти. Вредно е да се напомене дека грчките новинари работат слободно во Турција, за која ЕУ сака да држи предавања за слободата на печатот, додека Грција, како членка на ЕУ, се однесува како мафијашка земја“, додаде Алтун.
Според неодамнешните медиумски извештаи, грчките власти распоредиле воени елементи на островот Мегисти. Турција го осуди потегот, потсетувајќи дека островот имал демилитализиран статус уште од Париските мировни договори во 1947 година.
Anadolu









