Граѓаните на главниот град на Индонезија, Џакарта (Jakarta), кои одбиваат да носат маска, можат да изберат дали ќе платат казна или ќе лежат во ковчег 1 минута.

Властите воведоа невообичаена мерка за да ги натераат оние што не носат маска да ги разгледаат опасните последици од нивното однесување, откако изминатите денови дневниот број на новоинфицирани надмина илјада, велат официјални лица.

Абдул Сјукур (Abdul Syukur), еден од оние кои се фатени дека не носи маска, одговара дека избира ковчег затоа што нема 17 долари да ја плати казната. Покрај тоа, градските власти поставија лажни ковчези и покрај нив плакети со број на заразени лица.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=M6qDU-7rQZc[/embedyt]


„Dubai-Portal“

„N1“