Израелската полиција вчера уапси Јорданец, кој пливаше кон градот Еилат (Eilat) на југот на земјата, објавија локалните медиуми.

Според израелските медиуми, човекот ја преминал морската граница меѓу Јордан и Израел и бил уапсен по пристигнувањето во Еилат (Eilat).

Во соопштението на израелската полиција стои дека нивните сили пристигнале во Еилат откако било прјавено „сомневање за безбедносен инцидент“. Како резултат, градската плажа за кратко беше испразнета.

Јорданското Министерство за надворешни работи објави дека нејзината амбасада во Тел Авив ги следи израелските власти во врска со инцидентот, истакнувајќи дека човекот, за кој се верува дека е нуркач, во моментов е „под истрага“.


„Dubai-Portal“

„MEMO“