Од јуни, 2.150 банкомати се отстранети низ Австралија (Australia) а како причина се наведува коронавирусот, т.е. заштита од истиот.

Покрај затворањето на банкоматите, четирите водечки банки во Австралија, „АНЗ“ („ANZ), „Комонвелт“ („Commonwealth“), „Наб“ („NAB“) и „Вестпек („Westpack“), затворија 175 филијали на банки во изминатата година, поради пандемија, се вели во извештајот на „Дејли Меил („Daily Mail).

АНЗ“ (ANZ“) затвори 68 филијали и 72 банкомати; „Вестпек („Westpack“) затвори 36 филијали и 84 банкомати; и „НАБ“ („NAB“) затвори 27 филјали и 21 банкомат, а „Комонвелт“ („Commonwealth“) само објави дека се затворени 44 филијали.

„Австралиските банки инвестираа многу за да бидат во чекор со банкарските склоности на клиентите, а технологијата и податоците сега играат клучна улога во начинот на кој банките работат“, рече Ана Блиг (Anna Bligh), извршна директорка на Здружението на банкари во Австралија (Australia).

 


„Dubai-Portal“

„Atmmarketplace“