Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, рече дека одбиле да им се даде државјанство на палестинските бегалци во Либан и додаде дека тамошните бегалски кампови ќе бидат фактор на стабилност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ханије по состанокот со претседателот на парламентот на Либан, Небих Бери, одржа прес-конференција.
Посочувајќи дека палестинските бегалци престојуваат во Либан како гости и дека не доаѓа предвид да прифатат државјанство, Ханије рече: „Ние одбиваме да им се даде државјанство на палестински бегалци во Либан. Палестинските бегалски кампови во Либан ќе продолжат да бидат фактор на стабилност, доверба и разбирање. Палестинците нема да се мешаат во внатрешните работи на Либан.“
Осврнувајќи се на нормализирањето на односите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со Израел, Ханије истакна:
„Во моментот кога видовме авион на ционистички Израел во ОАЕ, длабоко се вознемирија не само Палестинците туку и секој член на слободните арапски народи. Израел е непријател и тоа треба да им биде јасно за сите.“
Посетата на Исмаил Ханије на Либан се очекува да трае една недела. Ханије Либан го посетува по 27 години.
Во 12 кампови во различни региони на Либан живеат е околу 600.000 палестински бегалци.
Anadolu










