ВАШИНГТОН (АА) – Пратеникот на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), Дејвид Троун, му се заблагодари на Собранието на турските извозници (TİM) и Управниот одбор за турско-американска соработка (TASC) за медицинската помош испратена во САД во рамките на борбата против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Троун, претставник на демократите од сојузната држава Мериленд, во својот говор преку видео-конференција во Конгресот на САД се осврна на медицинската помош од Турција, испратена во државата Мериленд.
Истакнувајќи дека Собранието на турските извозници (TİM) и Управниот одбор за турско-американска соработка (TASC) на 20 јули испратиле 100.000 маски и илјада медицински комбинезони во Мериленд, Троун им се заблагодари на потпретседателот на TASC, Ѓунај Евинч, и претседателот на TİM, Исмаил Ѓуле.
„Благодарен сум за дарежливата поддршка на Турците за жителите на Мериленд. Во моментот кога нашите здравствени работници херојски се бореа на фронтот за време на оваа епидемија, многу сум задоволен што добивме ваква помош од турската заедница. Како што вели TASC: ‘Биди негативен на Ковид-19, а позитивен во животот‘“, нагласи пратеникот Троун.
Собранието на турски извозници (TİM), испрати 100 илјади маски во американската држава Мериленд.
74-те пакети со маски испратени во име на TİM од страна на амбасадорот на Турција во Вашингтон, Сердар Килич, беа предадени на државниот министер во Мериленд, Џон Вобенсмит.
Претседателот на TİM, Ѓуле, истакна дека Турција со медицинската помош што ја испраќа ширум светот покажа дека е великодушна земја.
TV21










