Во францускиот град Ница носењето маска е задолжително насекаде низ градот од 20 август, а видеото од полициското насилство ги поплави социјалните медиуми.
Насилното апсење е снимено во Ница и објавено на социјалните медиуми. На видеото се прикажани маж и жена кои претрпеле насилство од страна на полицијата во овој град кога започна Тур де Франс 2020.
„Сето ова е заради маската“, изјавил еден од сведоците од местото на настанот кој го сними насилството. Жената која барала помош веднаш била однесена, додека мажот останал да лежи на земја.
„Ова навистина е скандал“, изјавил човекот, чие чело било покриено во крв, додека сведокот потсетува дека сè се снима. Полициските службеници не можеле да ја сокријат својата непријатност затоа што биле фатени како вршат насилство врз обични луѓе затоа што не носат маска.
Според указот на Град Ница од 20.08.2002 година, носењето маска е „задолжително од 8 до полноќ за сите лица над 11 години на целата територија на општината“. Казната за не носење маска е 135 евра.
По Тулуз, Ница и Марсеј, задолжителното носење маска се однесува и во Париз од 28 август – внатре и надвор од затворените простори од 0 до 24 часа, иако за такво нешто нема научен аргумент.
Извор:Logicno








