АНКАРА (АА) – Низ цела Турција денес се одбележува националниот празник Денот на победата и Денот на Турските вооружени сили, а по тој повод се одржуваат пригодни манифестации и собири, јавува Anadolu Agency (AA).
Празникот е одбележан и на истанбулскиот плоштад „Таксим“ со присуство на регионалните и локалните власти на градот на Босфорот.
На манифестацијата беше прочитана пораката на Ердоган по повод 30 август, Денот на победата и Денот на Турските вооружени сили.
Во пораката на Ердоган се нагласува:
„Денес како нација, заедно со нашите браќа од Северен Кипар ја прославуваме 98-годишнината од Големата победа. Од срце на моите граѓани во земјата и низ светот им го честитам 30-ти Август, Денот на победата. Борбата за ослободување која започна во 1919 година во Самсун, под раководство на Гази Мустафа Кемал Ататурк, достигна дефинитивна и трајна победа на 30 август. Со победата на 30 август, уште еднаш на целиот свет му беше прогласено дека оваа земја е нашата вечна татковина.“
Во пораката, исто така, се истакнува дека борбата за независноста и иднината на Турција продолжува и денес, и се додава:
„Не е случајно тоа што оние што се обидоа да ја исклучат нашата земја од Источниот Медитеран и оние кои се обидоа да ја нападнат нашата земја пред еден век, се исти окупатори.“
Меѓу другото, турскиот претседател по повод Денот на победата нагласи дека турската нација борбата за ослободување ја водела во сиромаштија и во тешки услови.
Anadolu









