АТИНА (АА) – Опозициската партија „Мера25“ во Грција, предводена од поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис, истакна дека залудното чекање на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, Ердоган да се изолира дипломатски се претворило во летен сон, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Партијата Мера25 во врска со неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) даде писмена изјава.

„Мнозинството од најголемите партии во Германија зависат од турскиот електорат во Германија, кој е под влијание на Ердоган“, се истакнува во изјавата и се додава дека Меркел ни на теоретско ниво нема да ги прифати санкциите против Турција.

Во соопшението исто така се вели:

„Телефонските разговори на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со Меркел и Трамп се состојат од напори да се добие впечаток дека има меѓународна активност. Овие напори на Мицотакис, наместо дипломатска поддршка, ќе се претворат во тоа да се слуша зборот на шефот.“

– Се бара ЕУ да воведе санкции кон Турција –

Грција и Јужен Кипар сакаат Европската Унија (ЕУ) да воведе санкции кон Турција поради истражувањето на енергетските ресурси во Источниот Медитеран.

На неофицијалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, што заврши вчера во Берлин, немаше никаква одлука за санкции.

Anadolu