Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го пофали тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик за неговиот досегашен успех во толку кратко време.
Конечната победа на Баерн во Лигата на шампионите над Пари Сен Жермен беше нивната 21 последователна победа во сите натпреварувања, зашеметувачка трка во која остварија историски висок успех, вели тој.
„Тешко е да се напише повеќе историја за осум месеци“, рече Клоп за ЗДФ мислејќи на Флик.
„Ханси имаше среќа што како помошник тренер направи толку добра работа за Нико Ковач што му беше дозволено да остане во клубот. И тоа функционираше добро.
„Двата финалисти имаа на располагање апсолутно врвен тим. Но, Баерн тоа го сакаше повеќе – иако Париз тоа многу го посакуваше (мислејќи на победата)“, рече Клоп
„Баерн имаше среќа, но не им требаше многу. И затоа тие заслужија да победат. Би било убаво кога би можеле да го играте најдобриот натпревар во сезоната во финалето, тоа е малку веројатно“.
ZDF










