Американската агенција за храна и лекови, издаде итна наредба за употреба на плазма за лечење на заболени од коронавирусот.

 

Оваа техника користи крвна плазма богата со антитела од луѓе кои се опоравиле од болеста, терапија која ја користат повеќе од 70 илјади граѓани на САД.

Претседателот Доналд Трамп рече дека лекувањето може да ја намали смртноста за 35%.

Одлуката доаѓа само еден ден откако Трамп ја обвини Агенцијата дека го спречува развојот на вакцината и лековите од политички причини.

Тој тврди дека ова е пресврт во лекувањето на пациенти заболени од коронавирусот.

„На ова долго се радувам. Задоволство ми е што историски ја најавувам битката против кинескиот вирус која ќе спаси безброј животи“, рече Трамп.

TV21