Вториот прототип на офанзивното беспилотно летало „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ кое со домашни и национални можности е развиено од страна на компанијата „БАЈКАР“ , успешно го заврши и вториот тест за летање којшто беше остварен во Центарот за летање и обука Бајрактар АКИНЏИ во Командата на аеродромот во Чорлу.Bayraktar Akıncı.2.jpg

Според објавеното соопштение од компанијата „БАЈКАР“, вториот прототип на „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ во реализираниот тест за летање под водство на техничкиот директор на „БАЈКАР“ Селчук Бајрактар на просечна надморска височина од 20 илјади фита (приближно 6,1 километри) остана во воздух во текот на 2 часа и 26 минути.

На тој начин вториот прототип на „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ кој по извршените тестирања во небото се спушти на пистата, успешно го реализира и својот втор, а досега својот четврти тест за летање.

Офанзивното беспилотно летало „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ својот прв тест лет со првиот прототип го реализира на 6 декември 2019 година.

„Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ кое во рамките на овој прв тест леташе 16 минути, потоа на 10 јануари 2020 година за време на остварениот тест за верификација (потвредување) на системот реализира лет во времетраење од 1 час и 6 минути.bayraktar Akıncı.1.jpg

Во меѓувреме во Центарот за истражување и развој и производство на националното наоружано беспилотно летало (СИХА) БАЈКАР продолжува и процесот за интеграција на третиот прототип на проектот „Бајрактар АКИНЏИ ТИХА“ чија прва испорака се има за цел да се реализира до крајот на оваа година.

Откако ќе биде завршена интеграцијата и третиот прототип ќе биде испратен во Командата на аеродромот во Чорлу кадешто ќе ги реализира своите тест летови.