Германија од ОАЕ бара да го искористи своето влијание врз Хафтар за воспоставување траен мир во Либија

0
116

Германија од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) бара да го искористи своето влијание врз Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили од источниот дел на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, во главниот либиски град Триполи изјави дека во земјата моментално владее лажен мир, но дека двете страни во Либија и нивните меѓународни сојузници продолжуваат да ја вооружуваат земјата.

Тој истакна дека за тоа прашање ќе разговара со либиските официјални претставници, со премиерот Фајез ал Сараџ и министерот за надворешни работи Мухамед Тахер Сијала.

Тој додаде дека со нив ќе разговара и за прашањето за воспоставување на демилитаризирана зона околу градот Сирт.

Нагласи дека во таа смисла добар предлог понудила Мисијата за поддршка при ОН во Либија (UNSMIL) додавајќи дека престанувањето на забраната за извоз на нафта и чесната распределба на приходи од нафтата се важни и за решавањето на судирите во Либија.

По Либија, Мас ќе отпатува во Абу Даби каде што со тамошните официјални претставници ќе разговара за ситуацијата во Иран, Сирија, Катар, Либан, како и за судирите во Либија.

Тој истакна дека на министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед ал Нахјан ќе му честита за договорот за нормализација на односите склучен со Израел.

„Во светот на настаните во врска со Израел, се надеваме дека од Абу Даби ќе добиеме позитивни сигнали и во врска со Либија. ОАЕ има влијание врз генералот Хафтар и затоа очекуваме дека тоа ќе го искористи во согласност со Берлинскиот процес“, изјави Мас.

На крајот истакна дека само оние кои учествуваат во политичкиот процес можат да бидат дел од иднината на Либија.