Германската полиција изврши рација во осум градови за нелегално коцкање и перење пари поврзани со организиран криминал.
Рациите беа извршени во западната провинција Северна Рајна-Вестфалија во градовите Есен, Милхајм, Дуизбург, Бохум, Гелзенкирхен, Дортмунд, Вупертал и општината Метман.
Полицијата извршила претрес во кладилниците, продавниците за слот машини, кафулињата и локалните здруженија, соопшти портпаролката на полицијата.
Полицијата веќе неколку години го истражува организираниот криминал во Северна Рајна-Вестфалија.
Во извештајот објавен минатата година, надлежните изјавија дека 6.500 припадници на организирани криминални групи и нивни соработници извршиле околу 14.000 кривични дела во периодот од 2016 до 2018 година, потсетува ДПА.
(Вијести.ба / РТРС)









