Хемиски експерти и пожарникари работат на обезбедување на уште најмалку 20 потенцијално опасни контејнери со хемикалии после експлозијата во уништеното пристаниште во Бејрут.
Еден член на францускиот тим открил дека протекува еден од контејнерите.
Некои контејнери експлодираа во смртоносна експлозија што ги потресе пристаништето и либанската престолнина на 4 август, изјави поручникот Ентони, француски експерт за хемикали, кој нема овалстување да го каже своето полно име во согласност со владината политика.
Француски и италијански експерти за хемикалии досега идентификуваа повеќе од 20 контејнери со опасни хемикалии, истакнал Ентони.
„Забележавме контејнери со етикета за хемиска опасност и тогаш видовме дека еден од контејнерите протекува“, објаснил тој во интервју за Асошиејтед Прес.
Експертите работат со либанските пожарникари за да ги обезбедат сите контејнери и да ги анализираат нивните содржини.
Ентони не кажа какви се хемикалиите, ниту пак даде повеќе детали.
Либанските власти не коментираа за потенцијалните хемиски ризици во пристаништето.
„Постојат и други запаливи течности во другите контејнери. „Постојат и батерии и други видови производи што можат да го зголемат ризикот од потенцијална експлозија“, изјавил Антони.
Во експлозија минатиот вторник загина најмалку 160 лица, а повредени се околу 6.000.
Експлозијата се верува дека е предизвикана од пожар што активирал необезбедени складишта од 2.750 високо експлозивни амониум нитрат кои стојат во пристаништето од 2013 година, и покрај бројните предупредувања за опасност.
Хемиските експерти се дел од францускиот тим кој пристигна во Либан за да помогне во потрагата по телата на загинатите, да се грижи за повредените и да го расчисти градот по експлозијата.
Покрај тоа, речиси 50 француски полицајци се исто така во Бејрут за да утврдат што се случило.











