Како да не е доволен „Ковид-19“, кинеските лекари предупредуваат дека населението во таа земја е загрозено од друг вирус. Инфекцијата се пренесува со каснувања од крлежи, но може да се пренесе и кај луѓето, велат експертите.
Вирусот СФТС веќе инфицираше околу 60 луѓе во кинеските провинции Џaиангсу и Анхуи оваа година, а седуммина од нив починале.
Симптоми на потенцијално фатална инфекција вклучуваат треска, кашлица, замор, гадење и повраќање, како и пад на бројот на белите крвни клетки.
СФТС не е баш нов, бидејќи првите случаи на заболување од крлежи беа пријавени во руралните делови на провинциите Хубеи и Хенан уште во 2009 година, додека кинеските вирусолози го изолираа својот патоген во 2011 година.
Тековната стапка на смртност за оваа повторлива болест е помеѓу 16 и 30 проценти, според системот за контрола на болести и превенција на болести во Кина.
Извор:logicno










