Претседателот на Либан бара француска помош за „утврдување дали имало авион во (воздушниот) простор или ракета“, јавуваат француските медиуми.
Неколку дена по катастрофата во Бејрут (Либан), хипотезата за ракета на странска земја ја постави претседателот Мишел Аун. Според него, ракетата би можела да биде извор на експлозии во пристаништето на 4 август.
„За прв пат либанскиот претседател Мишел Аун ја отвори можноста за надворешна интервенција, според новинарот Дајан Шлигер, кој живее во Либан. Тој евоцира ракета или бомба, додека досега се зборуваше за пожар во магацин “.
„Мишел Аун дури побара од Емануел Макрон да му обезбеди сателитски слики на местото на експлозијата, за да провери дали станува збор за небрежност или надворешна интервенција“, додаде новинарот. Истрагата е во тек. Се разбира, ќе биде потребно долго време за да се заврши истрагата каде се испитуваат 20 лица.
Сепак, беше исклучена можноста за меѓународна истрага. Либанскиот претседател смета дека вмешаноста на странски фактор во истрагата на оваа катастрофа, најверојатно, ќе доведе до задушување на вистината. Претседателот Аун, многу добро знае како работи западниот свет кога станува збор за деликатни истраги што можат да откријат што не смее да се открива.
Оваа несреќа што го зафати Бејрут открива уште едно лицемерие на светот. Нема пораки „Je suis Beirut“ кои би ги поплавиле социјалните мрежи во случај на слична несреќа, што докажува дека „емпатичните“ пораки се само манипулации на масите.










