Џамии во Германија добиле заканувачки писма

0
123

Најмалку две џамии во германскиот регион Хесен добија заканувачки писма оваа недела, соопштија во петокот претставници на локалната муслиманска заедница.

Осомничените неонацисти испратиле заканувачки писма до џамиите во малиот град Фуерт и блиската област Вален, изјавил за Салих Озкан, претставник на турско-муслиманската група  ДИТИБ, за локалните медиуми.

Како штоизјавил, писмата содржеле закани за насилство врз муслиманите, а тие биле потпишани од група која се нарекува себеси „НСЕ 2020“.

Тој ја повика полицијата да спроведе сериозна истрага и да обезбеди поголема заштита за џамиите.

Веднаш не беше јасно дали заканите се поврзани со неонацистичката мрежа „НСУ 2.0“, која испрати стотици смртни закани за муслиманите и имигрантите во последните две години.

Германските власти уапсија пензиониран полицаец и неговата сопруга во јули под сомнение за пишување и испраќање заканувачки писма.

Потписот „НСУ 2.0“ се однесуваше на екстремно десничарската неонацистичка организација Национал-социјалистички андерграунд (НСУ).

Членовите на групата убиле десет граѓани меѓу 2000 и 2007 година, вклучувајќи осум турски и еден грчки имигрант.

Иако неодамнешните откритија покажаа дека германската домашна разузнавачка агенција имала десетици информатори кои имале контакти со осомничени НСУ, властите инсистирале на тоа дека немаат претходни информации за терористичката ќелија на НСУ и убиствата.