Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во видеопорака објавена по повод Курбан бајрам им посака среќни Бајрамски празници на муслиманите во Турција и во целиот свет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој потсети дека радоста на Курбан бајрам оваа година со сигурност ќе ја намали фактот што аџилакот го извршува ограничен број верници поради пандемијата на Ковид-19.
„Се надеваме дека сепак, наредната година милиони муслимани повторно со љубов, ентузијазам и радост ќе го исполнат харемот на Ќаба и светата земја. А што се однесува до Турција, нашата земја борбата против пандемијата ја водеше многу успешно, не само во областа на здравството туку и во сите други области, и за тоа доби пофалби од цел свет. Со процесот на нормализација, животот во речиси сите сектори, освен во туризмот, достигна динамика со која повторно сме речиси на ниво, кое го имавме пред епидемијата“, изјави Ердоган.
Тој истакна дека е многу важно сите граѓани да се придржуваат до мерките како што се одржување лична хигиена, носење маски и одржување физичко растојание за да се одржи досегашниот напредок и да се продолжи во остварувањето на уште повеќе цели.
„За време на перидот на пандемијата, посветивме особено внимание и пруживме поддршка на секој граѓанин на нашата земја, почнувајќи од луѓето со најниски примања“, додаде турскиот претседател, напоменувајќи дека се спроведени голем број програми на поддршка за да се зачуваат работните места.
„Можностите и средствата на Република Турција ги пруживме за сите 83 милиони наши граѓани и така овозможивме со ентузијазам да гледаме во иднината. Немаме ни најмало сомневање дека нашиот народ, со средствата кои ги пруживме, со својата трудољубивост, труд и продуктивност, ќе даде придонес во остварувањето на идеалите на голема и силна Турција“, изјави Ердоган.
Тој изрази надеж дека Турција и во наредниот период ќе продолжи со нови победи и напредок на сите полиња.
„Одлучни сме со победи да ја заклучиме нашата борба на широко подрачје, од Иран и Сирија до Либија, за нас но и за нашите пријатели и браќа во овие земји. Ќе продолжиме со напорите да ги заштитуваме нашите права на Источен Медитеран и Егејското Море. Во согласност so вакафот Фатих Султан Мехмед, нема да се двоумиме да ги оствариме нашите суверени права, како на пример џамијата „Аја Софија“, која повторно ја отворивме за молитва“, изјави Ердоган, порачувајќи дека неговата земја секогаш ќе биде со угнетените и обесправените.
„И понатаму ќе бидеме со оние кои трпат неправда, тиранија и прогон, каде и да живеат во светот, без оглед на нивната религија, потекло или култура. Сѐ додека ја имаме помошта од Алах и поддршката од народот, ќе ја продолжиме оваа праведна и чесна борба до последниот здив“, изјави турскиот претседател.
„Anadolu“










