Холандската влада соопшти дека нема да препорача носење на маски на своите граѓани, за да се забави ширењето на коронавирусот. Сметаат дека нивната ефикасност не е докажана.

Наместо тоа, Владата ќе бара граѓаните подобро да ги почитуваат мерките на социјална дистанца, поради тоа што бројките на заболени се во пораст, рече министерката за здравство Тамара ван Арк.

„Од медицинска перспектива не е докажана ефикасноста на маските, па кабинетот одлучи дека нема да постои обврска за носење на немедицинските маски“, рече Ван Арк после анализите на извештајот на Институтот за јавно здравје.

Оваа одлука е сосема спротивна од онаа во повеќето земји кои воведоа задолжително носење маски, особено во затворени простории.

TV21