Задржан со години во режимските затвори, Али Ќатип, по професија адвокат, не може да ги заборави тортурите од занданите во Сирија.

Во интервју за Агенција Анадолија (АА), Ќатип, од сирискиот град Идлиб кој беше подложен на тешка тортура во режимските затвори околу седум години, се потсети на нехуманите методи на тортура и суровост со кои се соочил за време на неговото затворање во притворниот центар на аеродромот Хама.

Ќатип изјави дека изгубил речиси 50 килограми од неговата тежина за само три месеци, поради глад и тортура.

„Порано се молев со очите. Доколку тие разбереа, јас ќе бев измачуван“, се присетува Ќатип.

„Не размислував за самоубиство дури и во моите најранливи моменти. Мојата вера во Бога ме натера да заборавам на моето страдање, ме одржуваше во живот“, рече тој.

Ќатип раскажа дека бил уапсен од режимските сили на 7 септември 2012 година во главниот град Дамаск, поради учеството во еден од протестите во регионот Џбал Завија во Идлиб.

По седум години притвор, тој бил ослободен во април минатата година и се придружил во редовите на Сириската национална армија (SNA).

Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон учесниците на продемократските протести.

Според податоците на ОН, стотици илјади луѓе оттогаш се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.

Anadolu