АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакнa дека времето на борба против епидемијата земјите имаат можност да го искористат за мир и дијалог, и потсети дека Ерменија делувала спротивно и искористувајќи го периодот на епидемијата ја нападна територијата на Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот министер во рамките на „Дипломатскиот форум Анталија“ преку видео-конференција присуствуваше на настанот „Користење на ефектите на пандемијата за промовирање на регионалната соработка во Азија.“

Наведувајќи дека светот е среде глобална криза поради Ковид-19, Чавушоглу истакна дека епидемијата е глобален тест и ги открива слабостите на светот.

Чавушоглу укажа на промените во секојдневниот живот, на тешката состојба на здравствените системи и економиите и рече дека синџирите на снабдување се влошуваат, а расистичките и дискриминаторските гледишта се зголемуваат.

– „Никој не е безбеден додека сите не се безбедни“ –

Истакнувајќи дека ваквите кризи создаваат можности, Чавушоглу додаде дека фокусот треба да биде ставен на развивање на одржлива визија за по епидемијата.

Турскиот министер посочи дека треба да се извлечат одредени лекции од оваа епидемија на Ковид-19.

„Како прво, никој не е безбеден додека сите не се безбедни. Ние мора да дејствуваме и да застанеме заедно против сите глобални предизвици. Глобалните проблеми бараат глобални решенија.“

Нагласувајќи дека Турција ја презеде улогата на поддржувач на глобалните иницијативи, Чавушоглу рече: „Ние испративме медицинска помош за 141 земја и 5 меѓународни организации. Турција со овие бројки е втора по обемот на испратена медицинска помош во светот.“

Турскиот шеф на дипломатијата во своето обраќање рече и дека во земјите каде што владеат конфликти борбата против епидемијата е потешка.

„Компликациите поврзани со Ковид-19 ги ​​забавија градењето на мирот и придобивките за развој на овие земји. Го поздравуваме повикот на генералниот секретар на ОН за глобален прекин на огнот. Исто така, времето на борба против епидемијата може да го искористиме за мир и дијалог. Во времето кога чекаме судирите да завршат, Ерменија се однесуваше спротивно на тоа разбирање, искористувајќи го периодот на епидемијата ја нападна територијата на Азербејџан“, рече Чавушоглу.

Anadolu