ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека дури и векови по освојувањето, гледаме дека сè уште не се прифаќа дека Истанбул е во рацете на турската нација и на муслиманите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во своето обраќање на свеченото отворање на новата зграда на Регионална дирекција на Националната разузнавачка служба (МИТ) во Истанбул посака новиот објект да биде од корист на државата и на службата.
Потсетувајќи дека централното седиште на службата е отворено во јануари, Ердоган рече: „Верувам дека нашата Национална разузнавачка служба со новите објекти ќе ги зголеми услугите кои ги пружа на својата држава и својата нација“, нагласи Ердоган.
Тој истакна дека разузнавачката служба, која е една од најважните национални институции, во последно време покажала голем успех во работата.
„Без сомнение Истанбул не само на Турција, туку е и центарот на светот. Секој чекор што го правиме, секоја активност што ја преземаме го привлекува вниманието на целиот свет. Во секој период од историјата Истанбул бил трговска точка со стратешко значење, истиот шарм го одржува и денес.“
Турскиот претседател потсети дека како и секоја голема цивилизација и држава, предците сонувале да го имаат Истанбул и за тоа воделе големи борби.
„Султанот Фатих Мехмед Хан го оствари сонот на нашите предци. Дури и векови по освојувањето, гледаме дека сè уште не се прифаќа дека Истанбул е во рацете на турската нација и на муслиманите. При процесот за отворање на Големата џамија „Аја Софија“ за богослужба уште еднаш бевме сведоци дека има такви кои со тешкотии прифаќаат дека Истанбул е на Турција од 1453 година.“
Истакнувајќи дека Националната разузнавачка служба (МИТ) на полињата на криптологијата, киберсветот, сателитите реализира активности од светски рамки Ердоган рече: „Многу е важно нашата Регионална канцеларија на МИТ во Истанбул да има капацитет ефикасно да се бори против потрагата по терористичките организации и обидите за шпионирање на странските разузнавачки агенции. Работите во Истанбул доаѓаат во прв план за прашања како што се стратешкото разузнавање, антитероризмот и одговор на разузнавачките информации.“
Претседателот Ердоган во своето обраќање, исто така, нагласи дека Турската разузнавачка служба – МИТ досега обезбедила враќање на над 100 припадници на ФЕТО во Турција.
Истакна дека се зголемува бројот на земји кои бараат помош од Турција за спасување на нивните киднапирани граѓани.
„Припадниците на терористичките организации знаат дека кај ѝ да се наоѓаат во светот, дишењето на Турција ќе го почувствуваат во нивниот врат. Нашите достигнувања стекнати во зоните на конфликти помагаат во дипломатијата на нашата земја, на маса да седне помоќна, и за поефикасна одбрана на нашите национални интереси“, нагласи турскиот претседател.
Осврнувајќи се на активностите на МИТ во Либија, Ердоган рече: „Разузнавачката и оперативната поддршка обезбедена од МИТ овозможи да се запре напредокот на пучистот Хафтар, кој наместо политичко решение сакаше кризата да ја реши по воен пат. Благодарение на проширувањето на нашето влијание во странското разузнавање нашата земја започна да го зазема своето место како регионална и глобална моќ на сите платформи.“
Anadolu










