ТРИПОЛИ (АА) – Либија денес соопшти дека започнува истрага за посетата на францускиот автор Бернар-Анри Леви на земјата, кој има блиски врски со Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Високиот државен совет на Либија нема информации за посетата на Леви на Мисрата и не е направена никаква координација во врска со тоа“, се вели во соопштението на Канцеларијата за комуникации на Советот.

Се додава дека сите детали за посетата ќе бидат откриени и Владата ќе покрене правно дејствие против оние кои се вклучени во незаконското дејствие.

Високиот совет ги советува властите да ги почитуваат неговите одлуки за ова прашање.

Челникот на Високиот државен совет на Либија, Халид ал Мишри, денес побара започнување на истрага за посетата на авторот.

Посетата на Леви беше критикувана и од активисти од целата земја.

Anadolu