По работата на делегацијата на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на ОН (УНЕСКО) геопаркот „Кула-Салихли Глобал“ повторно се здоби со „зелен картон“ со што ќе продолжи да придонесува за туризмот во Турција, пишува Агенција Анадолија (АА).

УНЕСКО во 2013 година геопаркот го вклучи во Глобалната мрежа на геопаркови.

Поради неисполнување на некои од условите, геопаркот во 2017 година доби „жолт картон“ и му беа дадени рок од две години да ги исполни потребните услови.

Овој пат геопаркот од делегацијата на УНЕСКО доби целосна оценка.

– „Добивме целосна оценка“ –

Проф. Д-р Тунџер Демир, координаторот на геопаркот „Кула-Салихли Глобал“ во изјавата за АА рече дека се задоволни од тоа што по двегодишна напорна работа повторно се здобиле со зелен картон.

Истакнувајќи дека со зелената карта имаат право четири години да ја преставуваат Турција на меѓународната сцена, Тунџер Демир рече: „Со ревизијата спроведена во 2017 година добиен е жолт картон како резултат на неисполнување на некои критериуми и даден ни беше рок од две години. Заедно со нашиот тим се подготвивме за оваа ревизија. Од ревизијата добивме целосна оценка, со што жолтиот картон повторно е претворен во зелен картон. И ќе продолжиме да ја претставуваме Турција во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО“

Универзитетсиот професор Ахмет Сердар Ајтач истакна дека областа претставува лабораторија на отворено.

Потсетувајќи дека геопаркот е исто така домаќин на научни студии, Ајтач нагласи: „Оваа област освен историските убавини има најдобри примери од геолошкото наследство. Бидејќи е подржан и од УНЕСКО, имаме гости од странство. Верувам дека после ова геопаркот „Кула-Салихли Глобал“ ќе го зголеми уделот во туризмот и ќе придонесе кон економијата на регионот.

– Придонес кон зголемување на туристичкиот потенцијал –

Градоначалникот на градот Кула, Хусеин Тосун, истакна дека геопаркот ќе придонесе за зголемување на туристичкиот потенцијал во областа.

Нагласувајќи дека Кула е историски и туристички град, Тосун рече: „Годишниот број на посетители во геопаркот во Кула е зголемен од 4 илјади на 100 илјади.“

– Геопаркот „Кула- Салихли Глобал“ –

Кула, во делото „Geographika“ на античкиот географ Страбон е дефинирана како „Katakekaumene – Изгорена земја“. На површина од приближно 900 квадратни километри има повеќе од 80 вулкански конуси, карстни пештери, кањони, карпести гробници, камени мостови и историски куќи. Исто така содржи многу геолошки, геоморфолошки и природни наследства.

Постојната област на геопаркот „Кула-Салихли Глобал“ е зголемена на 2.320 квадратни километри, проширувајќи се кон областа Салихли. Благодарение на тоа, кањонот Адала, урнатините Сарут, гробниците „Бин Тепелер Хојук“, изворите „Куршунлу“, храмот на Артемида и езерото Ѓолмармара се вклучени во геопаркот.

Anadolu