ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, остваи телефонски разговор со италијанскиот премиер, Џузепе Конте, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Ердоган и Конте разговарале за случувањата во регионот, со акцент на Либија.
Претседателот Ердоган и италијанскиот премиер Конте се согласија да го продолжат дијалогот за политичко решение во Либија.
За време на телефонскиот разговор, исто така, станало збор и за прашањата за соработка во борбата против вирусот Ковид-19 и чекорите кои треба да бидат преземени после епидемијата на коронавирусот.
Anadolu










