АЛЖИР (АА) – Турција за поддршка на борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) испрати медицинска опрема во Алжир, јавува Агенција Анадолија (АА).

На церемонијата што се одржа во Алжир присуствуваа алжирскиот министер за здравство, Абдурахман Бузејд, и турскиот амбасадор во Алжир, Махинур Оздемир Ѓокташ.

Во своето обраќање министерот Бузејд, истакнувајќи дека пристигнатата медицинска опрема наскоро ќе започне да се дистрибуира во болниците во Алжир, рече дека за кратко време сакаат да потпишат договор со Турција за снабдување на болниците во Алжир со медицинска опрема.

Амбасадорот Ѓокташ наведувајќи дека помошта од опрема била испратена, по САД, само на Алжир, рече: „Ова покажува колку важно место има Алжир, како братска земја во нашите срца, дека чекориме по истиот пат и дека имаме заедничка историја.“

Помошта вклучува 25 тони медицинска опрема, меѓу која 25 респиратори и 2 ПЦР машини.

Турција претходно испрати медицинска помош за Алжир за поддршка во борбата против Ковид-19.

Anadolu