Во Големата џамија „Аја Софија“ (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi), во Истанбул, клањан е првиот сабах-намаз (утринска молитва) во последните 86 години, јавува Агенција Анадолија (АА).

Image may contain: one or more people and crowd

Image may contain: one or more people, crowd, night and outdoor

Многумина муслимани од сите делови на Турција, но и од другите земји по учењето на езанот (повик за молитва), а кои синоќа ја поминале ноќта на плоштадот пред Големата џамија „Аја Софија“ клањаа сабах-намаз.

Image may contain: one or more people, sky, crowd, tree and outdoor

Во џамијата присуствуваше и гувернерот на Истанбул Али Јерликаја, а намазот го предводеше истанбулскиот муфтија Мехмет Емин Масали.

Image may contain: night

 

Воедно, службениците на Управата за верски работи се погрижија присутните да ги почитуваат препораките и мерките предвидени со цел спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19).

Голем број верници се наоѓаа и пред џамијата поради што се преземени додатни безбедносни мерки.

По налог на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Големата џамија „Аја Софија“ (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi), ќе биде отворена 24 часа.

Оваа џамија со клањањето на џума-намазот (петочна молитва) од 24 јули е отворена за намаз, прв пат по 86 години.

Турскиот суд на 10 јули ја понишни одлуката на некогашната Влада на таа земја со која на 24 ноември во 1934 година на Аја Софија и е доделен статус на музеј. Со тој чин на поништување на споменатата одлука, на Аја Софија и е вратен статусот на џамија.

Како една од најпосетените туристички дестинации во градот на Босфор, Аја Софија од 1985 година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Надлежните служби во текот на изминатите денови го уредија просторот внатре, но и на платоата околу Аја Софија.

Турските власти најавија дека ќе продолжат со зачувување на културните и историски вредности на Аја Софија на таков начин што Дирекцијата за верски работи на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам на таа земја ќе се грижи за реставрација, конзервација и заштита.

Туристите и понатаму ќе ја посетуваат Аја Софија и тоа бесплатно, а фреските на ѕидовите ќе бидат прекривани со завеси само за време на молитвите во џамијата.

Anadolu