Основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс гостувајќи на националната американска телевизија „Си-Би-Ес“, изјави дека една доза од вакцината нема да биде доволна во борбата против смртоносниот вирус, пренесува „Макфакс“.

„Како што стојат работите во моментот, ќе биде потребна повеќе од една доза на вакцината против коронавирус, а на повозрасните можеби ќе им бидат потребни три“, изјави Бил Гејтс.

Тој во интервјуто рече дека за да се пронајде соодветна вакцина против коронавирусот е потребен голем напор, на глобално ниво.

„Во моментов, се чини дека ниту една од вакцините што се прават во единечна доза не се доволни за да го заштитат човекот. Можеби вакцините што ќе бидат направени подоцна ќе не изненадат позитивно. Но, засега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби тие ќе треба да земат повеќе од две дози“, додаде Гејтс.

 

CBS