Кинеската автономна област Тибет ја потресе земјотрес со интензитет од 6,6 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кинескиот Центар на мрежа на земјотреси соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 6,6 степени се наоѓа во местото Нјима, сместено во подрачјето на градот Нагчу.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Соопштено е дека нема загинати, ниту повредени во земјотресот.

Anadolu