Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за доставената поддршка против нападите на Ерменија врз неговата земја и го рече следното: „Мојата љубов кон турскиот народ не е тајна.“
Претседателот Алиев говореше на церемонијата на доделување на станови и автомобили од страна на државата на семејствата на шехидите (загинатите) и газиите (ветераните).
Притоа, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се осврна на нападот на ерменската армија врз неговата земја на 12 јули и истакна дека првата поддршка на Азербејџан по ова прашање пристигна од Турција.
Потсетувајќи дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја изнесе отворено поддршката на Азербејџан и истакна дека Турција стои покрај Азербејџан, Алиев рече: „Ердоган рече дека двете братски земји секогаш ќе бидат заедно. Му ја доставувам мојата длабока благодарност на мојот брат, за оваа поддршка. Деновиве постојано сме во контакт. Ме побара, ја достави својата поддршка и го изрази своето сочувство за нашите шехиди (загинати). Рече дека до крај ќе бидеме заедно.“
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев напомена дека не постојат други две држави толку блиски една со друга, како што се Турција и Азербејџан и го додаде следното: „И јас секогаш чувствувам голема почит кон мојот другар и брат Ердоган. Мојата љубов кон турскиот народ не е тајна. Својата целосна поддршка на Азербејџан, истовремено ја доставија и другите високи функционери на Турција, министерот за национална одбрана, министерот за надворешни работи и пратеници.“
Trt








