АНКАРА (АА) – Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, изјави дека бродот за сондажа „Фатих“ ја започна со својата прва сондажа во Црното Море на локацијата Туна-1, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Донмез на својот профил на Твитер во врска со истражувањата на ресурси на нафта и гас во Црното Море напиша: „Ако има, секако дека ќе ги најдеме.“

Истакнувајќи дека за енергетската независност на Турција ќе се пребарува секој квадратен метар во морињата, Донмез нагласи: „Бродот „Фатих“, со молитвите и поддршката на нашата нација започна со првата сондажа во Црното Море на локацијата Туна-1.“

Бродот за сондажа „Фатих“ на 29 мај од Истанбул тргна кон пристаништето во Трабзон.

Anadolu