АНКАРА (АА) – Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, либискиот министер за внатрешни работи, Фетхи Башага и министерот за национална безбедност и внатрешни работи на Малта, Бајрон Камилери, се состанаа во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).

По покана на министерот за национална одбрана на Турција, Башага и Камилери допатуваа во официјална посета на Турција.

Министерот Акар гостите ги пречека во Министерството за национална одбрана, а пред трилатералниот состанок, Акар оствари одделни состаноци со министрите.

За време на трилатералниот состанок се разговараше за регионалната соработка во областа на одбраната и безбедноста, како и за напорите чија цел е придонес кон регионалната стабилност и зајакнување на мирот.

Anadolu