Регионалната администрација на ирачките Курди: „Припадниците на ПКК бегаат и покрај опасноста за нивниот живот“

by Administrator

ИСТАНБУЛ (АА) – Регионалната администрација на ирачките Курди соопшти дека припадниците на терористичката организација ПКК се подготвени да избегаат од организацијата и покрај опасноста за нивниот живот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за внатрешни работи на Регионалната администрација на ирачките Курди објави соопштение за наводите дека Регионалната администрација има удел во тоа што Далја Махмут Муслум, внуката на еден од водачите на ПЈД/ПКК, Салих Муслум, се предаде на безбедносните сили.

Во соопштението се истакнува дека внуката на Салих Муслум на 14 јули сама илегално влегла во Турција и се предала на турските безбедносни сили во Мерсин, и дека тој процес нема никаква поврзаност со Регионалната администрација на ирачките Курди.

Меѓу другото, во соопштението, каде остро се критикуваат обвинувањата на терористичката организација ПКК против Регионалната администрација на ирачките Курди, се нагласува:

„Наместо клеветење, ПКК треба да се запраша зошто луѓето ги напуштаат нејзините редови и зошто се подготвени да избегаат и покрај заканите по нивниот живот.“

Далја Махмут Муслум им се предаде на турските безбедносни сили како резултат на кампањата на убедување спроведена од полицискиот оддел во турски Мерсин.

Anadolu

You may also like