АНКАРА (АА) – Вршителот на должноста претседател на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија, Шаќир Фетаху, истакна дека одлуката за отворањето на Аја Софија за богослужба ги израдува сите муслимани, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Под лидерството на Ердоган, Република Турција стана растечка ѕвезда во муслиманскиот свет и стана неопходен извор на надеж на угнетените“, нагласува Фетаху.

Верските водачи на исламскиот свет, во писмото испратено до претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш, му се заблагодарија на турскиот претседател Ердоган по повод отворањето на Аја Софија за богослужба.

Во изјавата дадена од Управата за верски работи на Република Турција се наведува дека отворањето на Аја Софија за богослужба за верниците после 86 години е со радост прифатена од исламскиот свет.

– Писма со поддршка –

Според изјавата, по одлуката, претседателот на администрацијата на кавкаските муслимани, Алахшуќур Пашазаде, во телефонскиот разговор со Ербаш упатил честитки за отворањето на Аја Софија за богослужба.

Претседателот на Федерацијата на австралискиот исламски совет, Ратеп Жнеид, во поздравното писмо испратено до Ербаш ја пренесува својата поддршка за одлуката.

Вршителот на должноста претседател на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија, Шаќир Фетаху, истакнувајќи дека одлуката за отворање на Аја Софија за богослужба ги израдувала сите муслимани рече: „Под лидерството на Ердоган, Република Турција стана растечка ѕвезда во муслиманскиот свет и стана неопходен извор на надеж на угнетените.“

Литванскиот муфтија, Александрас Беганскас, во честитката испратена во име на Собранието на литванските муслимански верски здруженија, потсети на важноста на џамијата Аја Софија во исламскиот свет.

„Ние веруваме дека оваа блажена џамија под ингеренција на Управата за верски работи на Република Турција ќе го гушне целото човештво без оглед на јазикот, расата и деноминацијата“, се истакнува во писмото на литванскиот муфтија.

Здружението на палестински научници во странство истакнувајќи дека се задоволни од одлуката за Аја Софија нагласија: „Отворањето на џамијата Аја Софија повторно за богослужба од страна на претседателот Ердоган означува ослободување на џамијата Ал Акса која е во заробеништво.“

Во своето писмо, Мароканскиот сојуз на научници за отворањето на Аја Софија за богослужба упати честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган, турскиот народ и исламскиот свет.

Упатувајќи писмо, на турскиот претседател Ердоган исто така му се заблагодарија и главниот муфтија на султанотот на Оман, Ахмет Хамади ел Хилили, Меѓународниот исламски Универзитет во градот Ленасија, Јужна Африка, ректорот на Дарил Улум Зекарија, Шубејр Ахмет Ал Салоџи и Абдулхади Саит ал Ага од Фондациите на Палестина.

Anadolu