БЕРЛИН (АА) – Еден од познатите германските свештеници на Езуитите, Феликс Корнер, упати критики и го нарече лицемерно водењето расправи за тоа зошто џамијата Аја Софија повторно е отворена за молитва. Рече дека Аја Софија е изгубена кога е претворена во музеј и дека секој верник нејзиното враќање во џамија треба да го гледа на начин дека таа не е повторно изгубена, туку вратена, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Корнер во изјавата за германското верско радио „Домрадио“ од Келн, порача дека на никој што верува не треба да му смета тоа што Аја Софија повторно се користи како место за богослужба.

Корнер нагласи дека не може да разбере како може еден верник да биде тажен што Аја Софија повторно станала џамија.

„Папата Франциско рече дека го боли. Што може да ве вознемири кога ќе помислите дека музејот, кој во времето на Ататурк поради секуларизмот престана да се користи како храм и беше место за посети, сега повторно стана место за молитва. Некој што е религиозен тоа не може да го боли, може само да го усреќи. Но, секако се јавуваат старите спомени. Ние како западно христијанство не обрнувавме внимание на Источен Рим кога се приближуваа Османлиите, го загубивме градот во 1453 година, со тоа за христијанството ја изгубивме Аја Софија“, рече Корнер.

– „Ја изгубивме по вторпат кога стана музеј“ –

Корнер истакна и потсети дека правосудството одлучило Аја Софија да стане џамија.

„Властите и судовите одлучија да стане џамија. И Турците и Ердоган го кажаа тоа. Секако, сега како и во случајот со Сината џамија, таму може да влезе секој без да плати надокнада и да изврши молитва. Не знам дали сте се молеле во некоја џамија? Ние имаме можност да го кажеме следново: ‘Како верници, ова место можеме да го разбереме и прифатиме не само како прекрасно уметничко дело, туку и како духовно место“, порача Корнер.

На прашањето на новинарот дали христијанството на крајот изгубило или не изгубило една црква, Корнер одговори:

„Мислам дека тоа е лицемерие. Ми смета тоа, затоа што ние црквата Света мудрост ја изгубивме во 1453 година, а Светата мудрост е Исус. Таа оттогаш е џамија, а вторпат ја изгубивме кога беше претворена во музеј. Така што, ние сега Аја Софија не ја изгубивме. Како верници ние ова мора да го гледаме на начин дека всушност повторно сме ја вратиле“, рече Корнер.

– Аја Софија, место за меѓурелигиски дијалог –

Говорејќи за тоа како да се носат со одлуката дека Аја Софија се претвора во џамија, Корнер додаде: „Ако папата вели дека го боли, ако православните и другите бискупи велат дека ги боли, тие мора јасно да наведат што ги навредува. Затоа што имаат тажен спомен, затоа што не сакаат да бидат политизирани“.

Тој истакна дека може да се работи заедно со Турците и муслиманите на предлози кои ќе покажат дека Аја Софија не е причина за територијални тврдења или обид да се повреди христијанството.

Како што рече, на тој начин Аја Софија може да биде место за меѓурелигиски дијалог и место за разбирање.

Anadolu