Католичкиот свештеник и претседател на Меѓународниот ерусалемски одбор за правда и мир, Мануел Муселем, изјави дека со одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за промена на статусот на Аја Софија во џамија е придонесено кон честа и достоинството на оваа историска градба, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Сфатете дека претседателот Реџеп Таип Ердоган го зголеми достоинството и честа на нашата црква Аја Софија“, напиша Муселем во пораката објавена на социјалните мрежи.
Тој ги повика сите христијани во светот да ја поздрават одлуката за тоа Аја Софија како џамија да ги отвори вратите за молитва.
„Ердоган Аја Софија од музеј, кога беше под сечии нозе, ја претвори во џамија која ќе биде сакана и почитувана и во која ќе се споменува и ќе се велича Божјото име“, порача Муселем, додавајќи:
„Сè додека муслиманот ја почитува мојата црква, ме почитува и мене. Историјата и судбината сакаше оваа голема црква со својот народ да се врати во исламот“.
Потсети дека во Шпанија и во арапскиот свет многу цркви се претворени во џамии, но исто така и многу џамии се претворени во цркви. Како што рече, во Аја Софија некогаш се читала Библијата, а отсега ќе се чита Куранот.
Потсети и на тоа дека христијаните и муслиманите во некои европски земји користат исти места за извршување молитви.
„Затоа, не ги спречувајте да клањаат во нашите цркви. Тие се наш народ, како што сме и ние нивни. Ние сме нивни коски и месо, како и они наши. Секој христијанин мора да штити еден муслиман, исто како што муслиманот Арап треба да штити христијанин“, порача Муселем.









