Најмалку пет лица загинаа во напад на талибанците на подрачјето на Белх на северниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мунир Ахмад Фархад, портпаролот на гувернерот на Белх, наведе дека во нападот на талибанците загинале петмина чувари. Како што изјави тој, ранети се две лица.

Во моментот кога дошле безбедносните сили, милитантите веќе биле во бегство.

Талибанците сѐ уште не се огласија во врска со овој напад.

Anadolu