АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со рускиот претседател, Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се нагласува дека Ердоган и Путин разговарале за настаните во Либија и Сирија, како и за регионалните прашања.
Двајцата лидери се осврнале на чекорите за зајакнување на билатералните односи, пред сè економијата, како и на соработката во борбата против Ковид-19.
Според соопштеното, Ердоган и Путин се согласиле за продолжување на координацијата за регионален мир, безбедност и стабилност, како и за зајакнување на односите меѓу двете земји.
Anadolu










