БАКУ (АА) – На границата помеѓу Азербејџан и Ерменија изби вооружен судир, поради што се стравува од можни жртви, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се вели дека ерменската Армија пукала кон азербејџанските позиции во регионот Товуз.
Министерството истакнува дека судирите траат и дека азербејџанската Армија ситуацијата ја држи под контрола.
„Дополнителни информации ќе бидат дадени на јавноста во скоро време“, се додава од Министерството.
Инаку, двете соседни земји немаат воспоставени дипломатски односи.
Anadolu










