ЊУЈОРК (АА) – Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) го обнови механизмот што дозволува пристап на хуманитарата помош во Сирија на уште една година, откако неговиот мандат истече, јавува Агенција Анадолија (АА).

Нацрт-резолуцијата доставена од Германија и Белгија до СБОН ја подржаа 13 земји, додека Русија, Кина и Доминиканската Република останаа воздржани.

Советот за безбедност на ОН се откажа од доставување хуманитарна помош од граничниот премин Онџупинар, Турција, за да се спречи ветото на Русија и да се обнови механизмот, со тоа помошта во Сирија преку Турција ќе влегува само од еден граничен премин.

Во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, во Сирија ќе започне повторно да се доставува меѓународна помош преку Турција, преку граничниот премин Џилвеѓозу.

Минатата година помош за Сирија се доставуваше преку четири гранични премини, од кои два во Турција.

По ветото на Русија и Кина во јануари, граничните премини се намалија на два. Граничниот премин „Ер-Ремсе“ помеѓу Сирија и Јордан и граничниот премин „Ел-Јарубије“ со Ирак, исто така се затворени за влез на помошта во Сирија.

Anadolu