Синоќа, израелските војници застрела Палестинец во окупираниот Западен Брег (West Bank) а повредиле уште едно лице синоќа, потврди палестинското Министерство за здравство.

Ибрахим Мустафа Абу-Јакуб ( Ibrahim Mustafa Abu-Yaaqoub) (34) беше застрелан и сериозно ранет во вратот од страна на окупаторските сили во градот Кифл Харис (Kifl Haris), северно од Салфит (Salfit), и беше пренесен во блиската Јавна болница Салфит (Salfit).

Набргу потоа, тој беше прогласен за мртов.

Уште една млада жртва, идентификувана како Мухамнед Абдеселам Асаад (Mohammad Abdessalam Asaad) (17), исто така е ранет со умерена повреда на стапалото, јави новинската агенција „Вафа“ („Wafa“). Тој бил однесен во блиската болница.

Гувернерот на Салфит (Salfit), Абдуллах Кмеил (Abdallah Kmeil), ги обвини израелските окупаторски власти целосно одговорни за злосторството.

 

Очевидци рекоа дека Мустафа (Mustafa) едноставно одел на прошетка со неколку негови пријатели кога војниците испукале во него, без причина или оправдување.

Кмеил (Kmeil) рече дека израелската армија го ескалирала кршењето на законот против цивилите и дополнително ќе ги повика сите фракции и палестинскиот народ да се обединат пред лицето на израелската агресија.

Палестинскиот премиер Мухаммед Штајје (Mohammad Shtayyeh) исто така обвини Израел целосно одговорен за нападот. „Израелскските окупаторски сили се целосно одговорни за убиството на палестинскиот млад човек во Салфит (Salfit) без причина и без никакво оправдување“.

Убиството е „дел од низата злосторства извршени од израелските окупаторски сили против палестинскиот народ“, додаде тој.


„MEMO“

„Dubai-Portal“