Иако од геноцидот помина четвртина век, нашата болка и понатаму е свежа, порача претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган по повод одбележувањето на 25. годишнина од геноцидот во Сребреница, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денес сме заедно да се присетиме на жртвите од геноцидот во Сребреница, една од најболните и најсрамните страници во историјата, и да ја споделиме жалоста на нашите бошњачки браќа”, рече Ердоган во видеопороката емитувана денес на комеморацијата на жртвите од геноцидот во Сребреница, додавајќи:
„Иако поради коронавирусот не сум физички меѓу вас, моите чувства и мисли се секогаш во Босна, секогаш со вас.”
На почетокот на обраќањето Ердоган упати сочуство на семејствата на убиените жртви, посакувајќи Божја милост на шехидите на Сребреница.
Потсетувајќи дека минатата година во Сараево присуствувал на оддавањето почест на жртвите од геноцидот во Сребреница, Ердоган рече дека „сите тогаш сведочевме дека семејствата и покрај огромната болна исправно и со гордост ги испраќаат своите блиски”.
„Иако од геноцидот помина четвртина век, болката уште ни е свежа”, рече турскиот претседател и продолжи:
„Со пронаоѓањето на секоја масовна гробница срцата одново ни се кинат. Жените и понатаму живеат во надеж дека ќе ги пронајдат сопрузите, децата се надеваат на пронаоѓањето на татковците и мајките. И по толку минато време, мајки гледаат низ патот во надеж дека ќе ги видат децата. 25 години по трага на на плавите лептири ги бараме нашите сакани”.
Истакнувајќи дека „нашиот Господар вели: ‘И не говорете за оние кои на Алаховиот пат се убиени, тие се мртви. Не. Тие се живи,само вие тоа не го знаете'”.
„Ние веруваме дека нашите шехиди секогаш се меѓу нас, веруваме дека се живи”, рече Ердоган и потсети на зборовите на првиот претседател на Република Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ кој рече дека „никој не смее да заборави, бидејќи заборавениот геноцид се повторува”.
Ердоган порача дека жртвите од геноцидот во Сребреница нема да бидат заборавени.
„Нема да ги заборавиме ниту нашите шехиди ниту ќе го заборавиме геноцидот во Сребреница”, рече Ердоган.
Порачувајќи дека Турција своите бошњачки браќа нема да ги остави сами во нивната потрага за правдата, Ердоган рече и дека ќе се пратат процесите во врска со убиствата и масакрите „извршени над нашите браќа”.
– Исламофобичните напади на Западот
„Исламофобичните напади во западните земји во последно време, се знак дека во врска со ова прашање треба да бидеме вниматели”, рече Ердоган истакнувајќи дека и покрај толку драма, масакри и солзи, европските политичари не ја извлекоа пораката од Сребреница.
Ердоган рече и дека говорите и изјавите кои го поттикнуваат непријателството кон Исламот, ја поттикнуваат омрзата кон странците, преставуваат извор на сериозна загриженост за иднината.
„За да не се повтори сличната болка никогаш, покрај меѓународните организации, и ние имаме важна одговорност. Претставуваме цивилизација која со векови давала убави примери на толеранција и мир. Не можеме да дозволиме разликите во ставовите и погледите, етничките, културолошките разлики да не направат непријатели едни кон други”, порача Ердоган и додаде:
„Со верување дека сме силни и доколку се во право, борбата за правдата ја продолжуваме со полна самодоверба”.
Ердоган обраќањето го заклучи со пораката дека Турција и турскиот народ се со Босна и Херцеговина.
– 25. годишнина на геноцидот –
На 25. годишнина од геноцидот во Сребреница во гробиштата на Меморијалниот центар ќе бидат погребани девет жртви.
Салко Ибишевиќ е најмладата жртва која оваа година ќе биде погребана во гробиштата на Меморијалниот центар. Имал само 23 години кога е убиен. Неговите посмртни останки се пронајдени во секундарната масовна гробница Липље, во општина Зворник во 2001 година.
Највозрасната жртва која ќе биде погребана е Хасан Пезиќ од местото Пустоше кај Власеница. Тој имал 70 години кога е убиен, а исчезнал во 1995 година, на подрачјето на Козлук. Неговото тело е ексхумирано од масовна гробница во Козлук 1999 година.
Во Меморијалниот центар „Поточари“ оваа година ќе бидат погребани: Сеад (Хусо) Хасановиќ, роден во 1971 година во Кривача; Алија (Бекто) Суљиќ, роден во 1969 година во Познановиќи; Хасан (Алија) Пезиќ, роден во 1925 година во местото Пустоше; Хасиб (Шабан) Хасановиќ, роден во 1970 година во Слатина; Зухдија (Суљо) Авдагиќ, роден во 1947 година во Нова Касаба; Бајро (Рамо) Салиховиќ роден во 1943 година во Волјавица; Ибрахим (Хамид) Зукановиќ, роден во 1941 година; Салко (Ахмо) Ибишевиќ, роден во 1972 година во Љубовија и Кемал (Хусеин) Мусиќ, роден во 1968 година во Глогово.









