Контроверзното снимање е дел од низата реформи што Кралството ги спроведува во последниве години за „отворање на економијата кон меѓународниот туризам и модернизација“.
Саудиска Арабија предизвика контроверзии и осуда откако беше откриено дека му дало дозвола на модното списание „Вог Арабија“ да изврши несоодветно и предизвикувачко снимање на меѓународни модели на историската локација Ал-Ула во провинцијата Медина.
Вог Арабија е саудиско издание на американскиот моден магазин „Вог“, а во контроверзниот фотошутинг учествуваа модели како Кејт Мос, Кендис Свонепоел, Амбер Валета, Кјао Вен и Алек Аек.
На фотографиите тие носат облека што муслиманите ја сметаат за несоодветна и спротивно на исламските принципи на чистота и морал. Иако локацијата е оддалечена околу 300 км од светиот град Медина, таа сè уште се наоѓа во истата провинција, а многумина веруваат дека саудиските власти не требало да го дозволат тоа.
Контроверзното снимање е дел од низата реформи што Кралството ги спроведува во последните години за да се отвори кон меѓународниот туризам и модернизација. Ваквите реформи, кои вклучуваат намалување на авторитетот на верската полиција, отстранување на ограничувањата за мешање мажи и жени и отстранување на услов жените да носат лабава облека. Сето ова е дел од визијата на Саудиска Арабија, која треба да се реализира до 2030 година.










