Претседателската одлука со која Ајасофија се отвара за молитва и преминува под ингеренции на Управата за верски работи на Турција (Дијанет) е објавена во Службениот весник на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во одлуката е истакнато дека Врховниот суд на Турција ја поништил одлуката на Советот на министри од 1934 година, со која џамијата Ајасофија е претворена во музеј.
Наведено е дека управувањето со Ајасофија, според членот 35 на Законот за воспоставување и должности на Управата за верски работи на Република Турција (Дијанет), се пренесува на турскиот Дијанет и се отвора за молитви.
Ердоган со пораката „нека е со среќа“ ја сподели Претседателската одлука за премин на Ајасофија под ингеренции на Управата за верски работи.










