Србија: Нема полициски час, продавниците и трговските центри затворени од 21 до 06 часот

by Administrator

Властите во Србија, сепак, се решија да нема полициски час кој беше најавен од претседателот Александар Вучиќ на прес-конференција во вторникот, што предизвика да има масовни протести во Белград и другите градови од оние кои се против оваа одлука.

Сепак, кризниот штаб одлучи полициски час да нема, а се воведуваат некои нови рестриктивни мерки.

„Имавме седница на Кризниот штаб на кој разговаравме пред се за ситуацијата во Белград и евентуално враќање на мерките кои беа на сила во март и во април. Договорот е да нема ограничување на движењето на целата територија, и да се фокусираме кон оние делови каде што ситуацијата е нестабилна. Прва мерка за Белград е забрана за јавно организирано собирање за повеќе од девет лица на отворен и затворен простор. Сите продавници и трговски центри ќе бидат затворени од 21:00 до 06:00 часот“, рече премиерката Ана Брнабиќ.

Што се однесува до отворените простори и летните тераси по кафулињата и рестораните, тие ќе работат до 23 часот.

Tv21

You may also like