Градоначалникот на Сеул, Парк Вон-Сун исчезна, а потрагата по него е во тек, соопшти денеска јужнокорејската полиција.
Според полицијата, претрагата започнала во областа Сунгбук, каде за последен пат е откриен сигналот на неговиот мобилен телефон.
Неговата ќерка се јавила во полиција утринава и рекла дека нејзиниот татко исчезнал.
Ким Ји-Хјонг, службеник од градската власт во Сеул, потврди дека градоначалникот не се појавил на работа денес, без да даде причина и дека ги откажал сите планирани настани, пренесува АП.
Парк, долгогодишен активист и адвокат за човекови права, беше избран за градоначалник на Сеул во 2011 година, а неговиот последен, трет мандат го доби во јуни.
Тој е член на владејачката Либерално демократска партија и важеше за можен кандидат на претседателските избори во 2022 година.
Blic









