Најмалку тројца полициски службеници се убиени во напад кој со автомобил бомба утринава е извршен врз зграда на полициската управа на јужниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мета на нападот беше зграда на Управата на полицијата во подрачјето Шах Вали Кот во покраината Кандахар.
Портпаролот на кабинетот на гувернерот на Кандахар, Бахир Ахмади, соопшти дека на местото на нападот се убиени тројца полицајци, а дека уште најмалку 14 лица се ранети.
Ахмади изјави дека нападот е извршен со автомобил наполнет со големо количество на експлозив. Експлозијата предизвика голема материјална штета и на зградите околу Управата на полицијата.
До сега никој не презеде одговорност за нападот.
Авганистан е средиште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза, која се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили.
Постојана закана за безбедноста претставува и терористичката организација ДЕАШ, која по поразите во Ирак и Сирија значително ги интензивира своите активности на авганистанско тло.
Anadolu










